СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
На ден 05.06.2025 година, Претседателката на Апелациониот суд Битола, судијата Жаклина Доведен, одржа работна средба со извршителите назначени за подрачјето на овој суд.
На средбата се разговараше за тековното работење, предизвиците со кои се соочуваат извршителите во својата практика, како и за можностите за унапредување на ефикасноста и транспарентноста во постапувањето.
Во духот на отворен дијалог, беа разменети конструктивни критики, мислења и предлози со цел подобрување на меѓусебната соработка помеѓу судот и извршителите, како и зголемување на правната сигурност на граѓаните.
Апелациониот суд Битола ќе продолжи со вакви иницијативи, насочени кон јакнење на професионалната соработка со сите чинители во правосудниот систем.