За судиите
За судиите
ДОСЕГАШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОВОЈ СУД
Во периодот од 1954 година па до сега претседатели на овој суд биле:
-
Боро Доганџиски
-
Тошо Смилевски
-
Тодор Анастасов
-
Димитар Стојчев
-
Блажо Петковски
-
Михајло Маневски
-
Генко Андоновски
-
Ленче Софрониевска
-
Филимена Маневска
-
Ведат Вели
-
Јордан Митриновски
-
Љупка Арсениевска
-
Љиљана Ивановска Шопова
-
Лидија Димчевска
Претседател
CV на Претседател
Судија Мери Дика Георгиевска
Образование:
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 16.09.1985 година.
Завршила Магистерски студии по правни науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на 09.10.2014 година.
Правосуден испит положила во Скопје на 18.02.1987 година.
Работно искуство:
Од 01.11.1985 до 31.12.1986 година работела како Адвокатски приправник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.
Од 01.01.1987 до 05.05.1989 година работела како Адвокатски стручен соработник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.
Од 06.05.1989 до 30.06.1996 година работела како Адвокат во сопствена канцеларија на сите материи.
Од 01.07.1996 до 17.05.2005 година работела како судија во Основен суд Скопје II Скопје на стопанска материја.
Од 18.05.2005 до 18.12.2012 година работела како судија во Апелационен суд Скопје на стопанска материја.
Од 18.12.2012 до 18.12.2018 година е член на Судски Совет на РМ.
Од 18.12.2018 година е Судија на Апелационен суд Скопје на стопанска материја.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на 01.07.1996 година со одлука за избор бр.08-2433/1 (Сл.в. на РМ 34/96).
На 18.05.2005 година избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по стопански спорови и сега е претседател на трговскио оддел.
Во Основен суд Скопје II Скопје и Апелационен суд Скопје била претседател на Стопанските оддели.
На ден 03.02.2023 година со одлука на Судски совет на РСМ се определува за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје.
Со одлука на ССРСМ, бр.09-2127/2 од 30.10.2023 година избрана е за Претседател на Апелационен суд Скопје.
Објавени трудови и активности:
Има учествувано на повеќе семинари во земјата и во странство и има учествувано во работни групи за изработка на закони.
Активно се служи со Англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери.
Судиите
Судија Оља Ристова
Судија Оља Ристова

Образование:
Доктор на науки од областа на безбедноста/Интердисциплинарни студии по право
Универзитет „Св.Климент Охридски“ Битола, Факултет за безбедност Скопје, 2024
Магистер по казнено-процесно право
Универзитет “Св.“Кирил и Методиј“ Скопје, Правен факултет – “Јустинијан Први“, 2018
Правосуден испит
Министерство за правда, 1994
Дипломиран правник – правосудна насока
Универзитет “Св.“Кирил и Методиј“ Скопје, Правен Факултет Скопје, 199
Работно искуство:
1. Судија - Апелационен суд Скопје
На 05.06.2025 г. со одлука за избор бр. 09-1440/1 (Сл.в. на РСМ бр.134 од 03.07.2025 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во Граѓанскиот оддел.
08 јули 2009 – 02 јули 2025 година
- Кривичен оддел полнолетни – од 01 јануари 2018 до 02 јули 2025
- Оддел за прекршоци - 08 февруари 2016 – 20 септември 2016
- Оддел за деца - 21 септември 2016 – 31 декември 2017
- Кривичен оддел полнолетни - 08 јули 2009 – 08 февруари 2016
3. Раководител на одделение за имотно-правни работи Управен суд – Скопје
10 јули 2008 – 07 јули 2009 година
4. Национален правен советник
Развој на капацитетите на Секторот за внатрешна, контрола и професионални стандарди – МВР, Проект на Европска Унија (Скопје)
01 мај 2007 - 09 јули 2008
5. Локален правен експерт – Тим за анализа и извештаи
Компонента за локална имплементација на реформи во полицијата – Проект на Европската Унија (Скопје)
19 јуни 2006 - 18 јуни 2007
6. Правен советник – Централна единица на ЕУПАТ
EUPAT – Полициски советодавен тим на Европската унија, Скопје
15 декември 2005 - 14 јуни 2006
7. Правен советник на Директорот на програмата за јавен ред и мир и полициска одговорност
ЕУПОЛ Проксима – Полициска мисија на ЕУ, Скопје
01 април 2004 - 14 дeкември 2005
8. Aдвокат
Адвокатска канцеларија Оља Ристова
01 јануари 1995 - 31 март 2004
Објавени трудови и активности:
Судија Иван Џолев
Судија Иван Џолев

Образование:
На 05.06.2025 г. со одлука за избор бр. 09-1439/1 (Сл.в. на РСМ бр.134 од 03.07.2025 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во Граѓанскиот оддел.
Судија Бетим Јахја
Судија Бетим Јахја

Работно искуство:
На 05.06.2025 г. со одлука за избор бр. 09-1437/1 (Сл.в. на РСМ бр.134 од 03.07.2025 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во Граѓанскиот оддел.
Судија Марија Клетничка Марковска
Судија Марија Клетничка Марковска

Работно искуство:
На 05.06.2025 г. со одлука за избор бр. 09-1438/1 (Сл.в. на РСМ бр.134 од 03.07.2025 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во Граѓанскиот оддел.
Судија Габриела Гајдова
Судија Габриела Гајдова

Образование:
- Гимназија Кочо Рацин Велес 1988-1992 година
- Правен факултет Јустинијан Први Скопје 1992-1997 година
- Положен правосуден испит на 19.04.2000 година
- Магистер на Правни науки по казнено право и криминологија, одбранет магистерски труд на тема „Лекарска грешка – Казнено правни аспекти“, на ден 15.03.2018 година на УКИМ, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје
- Доктор на правни науки во областа на казненото право, одбранет докторски труд на тема „Казнено правен контекст на репродуктивните технологии“ на ден 14.07.2023 година на УКИМ, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје
Работно искуство:
- Волонтер - приправник во Основен суд Велес 1.12.1997 година до 1.12.1999 година
- Стручен соработник во ОЈО Велес од месец Јули 2000 година до месец Април 2001 година
- Стручен соработник во Основен суд Велес од месец Јули 2002 година
- Судија во Основен суд Велес од 6.02.2008 година.
- од 6.02.2008 година постапува по кривични предмети спрема полнолетни лица, повремено по прекршочни предмети, како Претседател на кривичен совет, Претседател на совет за малолетници, а за време на дежурство до 1.12.2013 година дежурен истражен судија, а од 1.12.2013 година дежурен судија на претходна постапка
- Од 2011 година Претседател на Кривичен оддел во Основен суд Велес
- Од 2014 година до 30.10.2019 година и од 1.01.2021 година, Лице овластено за односи со јавност-портпарол на Основен суд Велес
- Од 30.10.2019 година Заменик Претседател на Основен суд Велес
- Едукатор на АСЈО „Павел Шатев“ Скопје по казнено материјално и казнено процесно право
- Ментор на кандидати од почетна обука при АСЈО „Павел Шатев“ Скопје
- Клинички професор на University American College, по предметот Казнено материјално право, Казнено процесно право на додипломски студии и Криминологија на додипломски студии и по предметот Корпоративен криминал и Криминологија на постипломски студии
- Во соработка со UNDP предавач на тема „Заштита на жртвите од семејно насилство низ одредбите од ЗКП“
- Предавач како странски експерт на тема Психолошко родово базирано насилство во Грачаница, Р. Косово, на покана и во соработка со EULEX, 1.03.2022 година
- Национален тутор на HELP online курс за Образложение на кривични пресуди – адаптација на македонското законодавство, организиран од Совет на Европа, online курс за Биоетика, организиран од Совет на Европа, online курс за Заштита на животна средина, организиран од Совет на Европа
- Член на работна група за изготвување на Законот за кривична постапка, формирана од страна на Министерството за правда на РСМ
- Член на работна група за изготвување на Законот за вештачења, формирана од страна на Министерството за правда на РСМ
- Член на работна група за „Национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство (2024-2032)“
- Од 13.07.2017 година Член на извршен одбор на Македонско пенолошко друштво
- На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичен оддел.
Објавени трудови и активности:
ТРУДОВИ:
Автор на монографија - книга Јуридизација на медицината – реален ст(р)ав за лекарска грешка, издадена во 2022 година од издавач „Полица“ Скопје, ISBN 978-608-4979-08-I
Автор на труд „Лекарска грешка – казнено-правен контекст“ објавена во Македонска ревија на казнено право и криминологија ISSN 1409-5327 (год. 26, бр. 1-2, 2019)
Автор на труд „Казнено дело „Несовесно лекување болни“ (чл.207 од КЗ на РСМ) - објект на заштита и пасивен субјект на делото“ објавена во Македонска ревија на казнено право и криминологија ISSN 1409-5327 (год. 27, бр. 1-2, 2020)
Автор на труд „Правата на одбраната во рамките на концептот на фер постапка, одземањето предмети и конфискацијата, низ практиката на ЕСЧП“, објавен во Стручно списание ПРАВНИК, октомври – ноември 2022, стр.2-9
Коавтор на „Прирачник за постапување на судиите и јавните обвинители во предмети за семејно насилство“ во организација на USAID и ESE
Коавтор на Прирачник за вештачења во соработка со OSCE објавен во месец Јули 2023 година
Коавтор на прирачник за родово базирано насилство во светлината на Истанбулската конвенција во соработка со OSCE
Коавтор на Фемицид монографија во соработка со AIRE
Сертификати:
- Во 2009 година и 2011 година помината Обука за борба против Корупција во Охрид 2009 година и Сончев Брег Р.Бугарија 2011 година
- Сертификат од УСАИД за поминат тренинг за односи со јавност и медиуми одржан во Скопје од 10 до 14 септември 2015 година
- Сертификат за помината обука на обучувачи за Европската конвенција за човековите слободи и права, одржана во Скопје на 11 и 12 мај 2016 година
- Сертификат за помината Обука на обучувачи за планирање и менторирање на процесот на претпристапни преговори, Скопје, 25-26.05.2017 година
- Сертификат за завршена обука за обучувачи за чл.3 од ЕКЧП, Струга, септември 2017 година, издаден од Совет на Европа
- Сертификат за учество на „Денови на симулирано судење“ за 2017 година издаден од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје
- HELP сертификат за завршена обука за „Киминал од омраза и говор на омраза“ издаден од Совет на Европа на 21.03.2018 година
- HELP сертификат за завршена обука за „Семејно насилство“ издаден од Совет на Европа во 2022 година
- HELP сертификат за завршена обука на обучувачи за ХЕЛП програмата издаден од Совет на Европа во 2019 година
- Завршена обука на тема „Затвор и алтернативни сакнкции“ во Хаг Холандија во период од 4-11.10.2018 година, сертификат издаден од Хелсиншки Комитет на Холандија и Министерството за надворешни работи на Холандија
- Сертификат за помината обука на обучувачи „Curriculum designed Delivery course“ во рамки на регионалниот проект во секторот правда при ОПДАТ за зајакнување на Казнено правните институции и Владеење на правото во Централна и Источна Европа во период од 13-15.11.2018 година во Дубровник Хрватска
КОПЈУТЕРСКИ ПОЗНАВАЊА:
- Microsoft Word, Power Point, Excel
СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ:
Англиски јазик зборување, читање и пишување, положен APTIS тест ниво „C“
Германски јазик основни познавања
Други лични податоци
- Родена на 13.03.1974 година во Велес
- Националност: Македонка
Брачен статус: Мажена, мајка на две деца
Судија Осман Шабани
Судија Осман Шабани

Работно искуство:
На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичен оддел.
Судија Весна Димишкова
Судија Весна Димишкова

Работно искуство:
На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичен оддел.
Судија Александра Ристеска
Судија Александра Ристеска

Работно искуство:
На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичен оддел.
Судија Илир Сулејмани
Судија Илир Сулејмани

Работно искуство:
На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
Судија Ирена Костадинова Ангелова
Судија Ирена Костадинова Ангелова

Работно искуство:
На 15.11.2023 г. со одлука за избор бр. 09-2289/1 (Сл.в. на РМ бр.9 од 15.01.2024 г.) избранa е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.