За судиите
За судиите
ДОСЕГАШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОВОЈ СУД
Во периодот од 1954 година па до сега претседатели на овој суд биле:
-
Боро Доганџиски
-
Тошо Смилевски
-
Тодор Анастасов
-
Димитар Стојчев
-
Блажо Петковски
-
Михајло Маневски
-
Генко Андоновски
-
Ленче Софрониевска
-
Филимена Маневска
-
Ведат Вели
-
Јордан Митриновски
-
Љупка Арсениевска
-
Љиљана Ивановска Шопова
-
Лидија Димчевска
Претседател
CV на Претседател
Судија Мери Дика Георгиевска
Образование:
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 16.09.1985 година.
Завршила Магистерски студии по правни науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на 09.10.2014 година.
Правосуден испит положила во Скопје на 18.02.1987 година.
Работно искуство:
Од 01.11.1985 до 31.12.1986 година работела како Адвокатски приправник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.
Од 01.01.1987 до 05.05.1989 година работела како Адвокатски стручен соработник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.
Од 06.05.1989 до 30.06.1996 година работела како Адвокат во сопствена канцеларија на сите материи.
Од 01.07.1996 до 17.05.2005 година работела како судија во Основен суд Скопје II Скопје на стопанска материја.
Од 18.05.2005 до 18.12.2012 година работела како судија во Апелационен суд Скопје на стопанска материја.
Од 18.12.2012 до 18.12.2018 година е член на Судски Совет на РМ.
Од 18.12.2018 година е Судија на Апелационен суд Скопје на стопанска материја.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на 01.07.1996 година со одлука за избор бр.08-2433/1 (Сл.в. на РМ 34/96).
На 18.05.2005 година избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по стопански спорови и сега е претседател на трговскио оддел.
Во Основен суд Скопје II Скопје и Апелационен суд Скопје била претседател на Стопанските оддели.
На ден 03.02.2023 година со одлука на Судски совет на РСМ се определува за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје.
Со одлука на ССРСМ, бр.09-2127/2 од 30.10.2023 година избрана е за Претседател на Апелационен суд Скопје.
Објавени трудови и активности:
Има учествувано на повеќе семинари во земјата и во странство и има учествувано во работни групи за изработка на закони.
Активно се служи со Англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери.
Судиите
Судија Благица Ѓошевска
Судија Благица Ѓошевска

Судија Кети Германова
Судија Кети Германова

Судија Елизабета Настов
Судија Елизабета Настов

Судија Софија Миленкова
Судија Софија Миленкова

Судија Цветанка Сиљаноска Костадиновска
Судија Цветанка Сиљаноска Костадиновска

Судија Артан Лимани
Судија Артан Лимани

Судија Оља Ристова
Судија Оља Ристова

Образование:
Доктор на науки од областа на безбедноста/Интердисциплинарни студии по право
Универзитет „Св.Климент Охридски“ Битола, Факултет за безбедност Скопје, 2024
Магистер по казнено-процесно право
Универзитет “Св.“Кирил и Методиј“ Скопје, Правен факултет – “Јустинијан Први“, 2018
Правосуден испит
Министерство за правда, 1994
Дипломиран правник – правосудна насока
Универзитет “Св.“Кирил и Методиј“ Скопје, Правен Факултет Скопје, 1992
Работно искуство:
1. Судија - Апелационен суд Скопје
На 05.06.2025 г. со одлука за избор бр. 09-1440/1 (Сл.в. на РСМ бр.134 од 03.07.2025 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во Граѓанскиот оддел.
08 јули 2009 – 02 јули 2025 година
- Кривичен оддел полнолетни – од 01 јануари 2018 до 02 јули 2025
- Оддел за прекршоци - 08 февруари 2016 – 20 септември 2016
- Оддел за деца - 21 септември 2016 – 31 декември 2017
- Кривичен оддел полнолетни - 08 јули 2009 – 08 февруари 2016
3. Раководител на одделение за имотно-правни работи Управен суд – Скопје
10 јули 2008 – 07 јули 2009 година
4. Национален правен советник
Развој на капацитетите на Секторот за внатрешна, контрола и професионални стандарди – МВР, Проект на Европска Унија (Скопје)
01 мај 2007 - 09 јули 2008
5. Локален правен експерт – Тим за анализа и извештаи
Компонента за локална имплементација на реформи во полицијата – Проект на Европската Унија (Скопје)
19 јуни 2006 - 18 јуни 2007
6. Правен советник – Централна единица на ЕУПАТ
EUPAT – Полициски советодавен тим на Европската унија, Скопје
15 декември 2005 - 14 јуни 2006
7. Правен советник на Директорот на програмата за јавен ред и мир и полициска одговорност
ЕУПОЛ Проксима – Полициска мисија на ЕУ, Скопје
01 април 2004 - 14 дeкември 2005
8. Aдвокат
Адвокатска канцеларија Оља Ристова
01 јануари 1995 - 31 март 2004
Објавени трудови и активности:
Судија Иван Џолев
Судија Иван Џолев

Образование:
На 05.06.2025 г. со одлука за избор бр. 09-1439/1 (Сл.в. на РСМ бр.134 од 03.07.2025 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во Граѓанскиот оддел.
Судија Бетим Јахја
Судија Бетим Јахја

Работно искуство:
На 05.06.2025 г. со одлука за избор бр. 09-1437/1 (Сл.в. на РСМ бр.134 од 03.07.2025 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во Граѓанскиот оддел.
Судија Марија Клетничка Марковска
Судија Марија Клетничка Марковска

Образование:
Правен факултет (1997 - 2001) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј”.
Положен правосуден испит на 08.06.2004 година.
Магистер на правни науки, насока - меѓународно право на Правен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од 11.05.2007 година
Работно искуство:
14.11.2001г.-10.12.2002г.:Волонтер во Основен суд Скопје 1 - Скопје;
11.12.2002г.-31.07.2005г.: Адвокатски приправник и адвокатски стручен соработник во адвокатска канцеларија;
01.08.2005г.-10.11.2008г.: Соработник - стручен соработник на судија на Кривичен Оддел во Основниот суд Скопје 1 - Скопје, а од месец април 2007 година соработник - стручен соработник на судија на Одделението за организиран криминал во Основниот суд Скопје 1 – Скопје;
11.11.2008г.-03.07.2025г.: Судија во Основен суд Скопје 1 Скопје, сега Основен Кривичен суд Скопје - Кривично одделение за полнолетни лица;
Во текот на 2017 година и 2018 година член на Кривичниот совет во судот;
Од 13.12.2018г.-03.07.2025г.: Претседател на Кривичниот совет во судот;
Од 20.02.2019 г.-03.07.2025г.: Претседател на оддел Кривично полнолетни во судот;
Судија за судска пракса во судот и Член на Европската правосудна мрежа од РСМ како судија на Основен кривичен суд Скопје;
Член на работна група за изготвување на измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка со Решение од Министерството за правда на РМ од 22.02.2018 година
На 05.06.2025 г. со одлука за избор бр. 09-1438/1 (Сл.в. на РСМ бр.134 од 03.07.2025 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во Граѓанскиот оддел.
Објавени трудови и активности:
Предавач, едукатор и ментор при Академијата на судии и јавни обвинители.
Учество на бројни обуки и семинари во државата и странство.
Член на Здружението на судии на РСМ.
Од 2019 година Хелп обучувач од Совет на Европа и тутор на Хелп курсеви.
Компјутерски познавања:
Microsoft Office, Microsoft Excel, Microsoft Power Point
Странски јазици:
Англиски јазик со положен APTIS тест ниво „C“.
Основно познавање на италијански јазик и француски јазик.