Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  05.11.2023

С О О П Ш Т Е Н И Е   З А   Ј А В Н О С Т

 

Во врска со наводите истакнати на прес конференција одржана на 05.11.2023 година, од страна на ТД ФИНЕ Скопје, Апелациониот суд Скопје, во интерес на вистината и објективното и транспарентно информирање на јавноста во врска со постапувањето на судечкиот совет по посочениот предмет КОКЖ-157/22, во јавноста познат како „ТНТ“ ги презентира следниве факти:

            По одржаната јавна седница на ден 08.05.2023 година, во тек на процесот на донесување на одлука, членовите на советот разгледувајќи ги жалбите на повеќе заседанија, се впуштија во оцена на основаноста на жалбените наводи, а со оглед дека се работи за обемен и комплексен предмет, со огромен број докази, и пред мериторно одлучување, поради констатираните неусогласености помеѓу записникот за советување и гласање на првостепениот суд  и изворникот на првостепената пресуда со писмениот отправок на изготвената пресуда во делот на изречената казна на еден од обвинетите, како и во делот на засметување на притворот во изречените казни, на заседанието одржано на ден 11.07.2023 година, членовите на судечкиот совет одлучиле предметот со сите списи административно да се врати на првостепениот суд заради отстранување на горенаведените неусогласености кои претставуваат процесна пречка за донесување на второстепена одлука.

            Првостепениот суд постапувајќи по административното враќање на списи на овој суд, на 01.09.2023 година донел Решение за исправка коешто е експедирано до странките  на 11.09.2023 година. По комплетирање на списите на предметот на ден 05.10.2023 година, истиот повторно е доставен до Апелациониот суд Скопје, по што на 06.10.2023 година е испратен на мислење по изјавените жалби на пресудата до Вишото јавно обвинителство Скопје, чиј предлог е примен во Судот на 12.10.2023 година, по што веднаш е закажана јавна седница за ден 06.11.2023 година, на барање на странките.

            Досегашното постапување од страна на судечкиот совет е согласно одредбите од ЗКП и во овој момент, поради закажаната јавна седница, други детали за предметот не може да се изнесат во јавност.

            Поради зголемен интерес на јавноста, Апелациониот суд Скопје ќе обезбеди услови за следење на седницата за заинтересираната јавност и медиумите.

 

Апелационен суд Скопјe

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_