СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  25.7.2023

Апелациониот суд Скопје, во интерес на јавноста и медиумите, информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-224/23, по одржана jавна седница на 15.05.2023 година, на нејавен дел од седницата на ден 05.06.2023 година донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А.Ѓ. е одбиена како неоснована, додека жалбите на обвинетите А.К. и К.Л. се делумно уважени, на начин што пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува по однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т.Т., да и исплатат 4.000.000,00 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И.Т., татко на починатиот, додека на Б.Т., брат на покојниот, му е досудена исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000,00 денари. Согласно пресудата при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда - 30.11.2022 година, до исплатата.

Во останатиот дел првостепената пресуда по однос на изречените казни и висината на истите, со која обвинетите А.Ѓ. и К.Л. се осудени на казна затвор во траење од по 18 години, а третообвинетиот А.К. на казна затвор во траење од 16 години, се потврдува.

Одлуката ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

                                                                                                        Апелационен суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_