Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  20.6.2025

       Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите, во врска со предметот познат во јавноста како „Онкологија“, информира дека:

 

        Постапувајќи по предметот КСЖ-595/25 оформен против обвинетиот Н.В. од С., по одржана јавна седница на ден 20.06.2025 година ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението на кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје КСП.бр.339/25 од 23.05.2025 година, и истото го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С.,  поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ, кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ, кривично дело Измама во службата од член 355 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело Проневера во службата од член 354 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ, а поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка и  ОПРЕДЕЛИ мерка притвор во траење од 30 дена.

 

        Постапувајќи по предметот КСЖ-594/25 оформен против обвинетиот Н.Н. од С., по одржана јавна седница на ден 20.06.2025 година ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението на кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје КСП.бр.340/25 од 23.05.2025 година, и истото го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.Н. од С.,  поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ, кривично дело Измама во службата од член 355 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело Проневера во службата од член 354 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ в.в. со член 24 од КЗ, а поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка и  ОПРЕДЕЛИ мерка притвор во траење од 30 дена.

Вака донесените одлуки со образложени причини за истите, ќе бидат објавени во целост на веб страната на Судот согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите. 

                                                                                    Апелационен суд Скопје

           

           

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_