СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  14.8.2023

Апелациониот суд Скопје со внимание ги проследи бројните реакции на јавноста по изречената пресуда со утврдена казна затвор од осум години за кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик - Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, со која осумнаесет годишната затворска казна на Основниот суд Велес е намалена.

По сопствена иницијатива, Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста направи анализа на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица. Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци. Најголемиот број изречени казни затворсе во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежителни околности што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметотна Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик - Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода. 

Апелациониот суд Скопје постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци. Во предметите по кои што постапувал судот 51,6% ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4% се преиначени.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_