СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-979/24, во јавноста познат како „Ласкарци“, по одржана јавна седница на 02.04.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 17.04.2025 година, донесе пресуда со која
- ги одби како неосновани жалбите на обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Ѓ.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г., а делумно ги уважи жалбите на обвинетите Р.М. од с.Ч, Г и М.Т од Г. и
- делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што:
Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи према обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Г.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г. во делот на кривичната санкција, за обвинетиот Р.М. од с.Ч, Г по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и висината на истата и за обвинетиот М.Т од Г. по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казнаи се осудуваат и тоа:
обвинетиот Д.Б.од с.Б.Г на казна затвор во траење од 10-десет години;
обвинетиот Р.М од с.Ч.Г. на казна затвор во траење од 10-десет години,
обвинетиот И.Ѓ. од Г. на казна затвор во таење од 7-седум години;
обвинетиот Г.Д. од Г. на казна затвотр во траење од 7-седум години и
обвинетиот М.Т. од Г. на казна затвор во траење од 14- четиринаесет години.
Истовремено под став II од одлуката, со решение се уважени жалбите на оштетените по однос на решението за трошоци кое овој суд го укина и предметот во тој дел го врати на повторно постапување пред првостепениот суд.
Жалбите на оштетените по однос на одлуката за имотно правно барање ги отфрли како недозволени, согласно член 411 став 4 од Законот за кривична постапка.
За се останато што е во интерес на јавноста, а врзано за конкретниот предмет, одлуката со образложени причини за истата, Ве известуваме дека ќе биде објавена во целост и достапна на веб страната на судот, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Апелационен суд Скопје