Соопштение за јавност
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
Апелациониот суд Скопје информира дека закажа јавна седница на ден 29.09.2025 година во 11 часот и 30 минути по предметот КЖ-696/25, оформен по изјавена жалба од обвинетиот В.Ј. од С. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.780/25 од 13.05.2025 година, со која е огласен виновен за сторено кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в со член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 12 (дванаесет) години, како и казна забрана на управување со моторно возило од Б категорија во траење од 5 години.
Од страна на Вишото јавно обвинителство Скопје, на ден 15.09.2025 година доставен е допис дека вишиот јавен обвинител кој постапува по конкретниот предмет е службено отсутен во странство на ден 29 и 30.09.2025 година, со барање за одлагање на јавната седница.
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите, информира дека јавната седница по предметот на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 е закажана на ден 06.10.2025 година во 11часот и 30 минути.
Апелационен суд Скопје