Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Известувања, Изјави, Новости, Соопштенија за јавност  |  20.6.2025

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

       Апелациониот суд во Штип во интерес на јавноста и медиумите информира дека во судот по применото барање за изземање на Претседателот на Основен суд Кочани од постапување по предметот К-ООА 13/2025 и предлогот за пренесување  и определување друг стварно надлежен суд кој ќе постапува по поднесениот обвинителен акт на ОЈО Кочани Ко-180/25 од 13.06.2025 година, против  обвинетите Дејан Јованов од Кочани и други, сите за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност„ од чл.292 ст.2 в.в. со чл.288 ст.3 в.в. ст.3, 2 и 1 в.в. чл.22 и 24 од КЗ, по изземањето на Претседателот на Основен суд Кочани од понатамошно постапување, како и Основниот суд Кочани во целост, по поднесениот извештај од страна на судијата известител и по одржаниот Колегиум на сите судии на Апелационен суд Штип на ден 20.06.2025 година, кривичниот совет  кој постапува по предметот Кр-12/25, оформен  пред  Апелационен суд Штип по горе наведеното барање, по доставеното мислење од ВЈО Штип, и по целосната анализа на кадровскиот и техничкиот потенцијал на преостанатите судови со проширена надлежност од подрачјето на Апелационен суд Штип – Основен суд Штип и Основен суд Струмица, смета дека постојат правни и стварни причини поради кои што судовите  од подрачјето на Апелациониот суд Штип се спречени да постапуваат по наведениот предмет, согласно чл.27 ст.3 од ЗКП одлучи да достави образложен Предлог до Врховниот суд на РСМ за пренесување на надлежноста и определување на друг стварно надлежен суд кој ќе постапува по оценката на поднесеното обвинение на ОЈО Кочани Ко.бр.180/25 од 13.06.2025 година и по  предметот во понатамошната постапка.

   

 

20.06.2025 година

 

                                                                                                                                Апелационен суд Штип

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_