Соопштение за јавност
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Апелациониот суд во Штип во интерес на јавноста и медиумите информира дека во судот по применото барање за изземање на Претседателот на Основен суд Кочани од постапување по предметот К-ООА 13/2025 и предлогот за пренесување и определување друг стварно надлежен суд кој ќе постапува по поднесениот обвинителен акт на ОЈО Кочани Ко-180/25 од 13.06.2025 година, против обвинетите Дејан Јованов од Кочани и други, сите за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност„ од чл.292 ст.2 в.в. со чл.288 ст.3 в.в. ст.3, 2 и 1 в.в. чл.22 и 24 од КЗ, по изземањето на Претседателот на Основен суд Кочани од понатамошно постапување, како и Основниот суд Кочани во целост, по поднесениот извештај од страна на судијата известител и по одржаниот Колегиум на сите судии на Апелационен суд Штип на ден 20.06.2025 година, кривичниот совет кој постапува по предметот Кр-12/25, оформен пред Апелационен суд Штип по горе наведеното барање, по доставеното мислење од ВЈО Штип, и по целосната анализа на кадровскиот и техничкиот потенцијал на преостанатите судови со проширена надлежност од подрачјето на Апелационен суд Штип – Основен суд Штип и Основен суд Струмица, смета дека постојат правни и стварни причини поради кои што судовите од подрачјето на Апелациониот суд Штип се спречени да постапуваат по наведениот предмет, согласно чл.27 ст.3 од ЗКП одлучи да достави образложен Предлог до Врховниот суд на РСМ за пренесување на надлежноста и определување на друг стварно надлежен суд кој ќе постапува по оценката на поднесеното обвинение на ОЈО Кочани Ко.бр.180/25 од 13.06.2025 година и по предметот во понатамошната постапка.
20.06.2025 година
Апелационен суд Штип