Јавен оглас бр.1/20 за вработување на судски службеник на неопределено време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.1/20 за вработување на судски службеник на неопределено време

Новости  |  26.10.2020

            Врз основа на чл.17 став 1, чл.20 став 1 алинеја 1 и чл.25 од Законот за судска служба (Службен весник на РСМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18, 248/18) и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РСМ бр.236/18) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Берово, СУ-04 бр.18-1/19 од 26.03.2019 година, Основен суд Берово денес на ден 26.10.2020 година објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/20

 

            За вработување на судски службеник на неопределено време за следното работно место:

 

            Судски референт-дактилограф Категорија Г, ниво Г3, шифра на работно место СУД0101Г03001....1 (еден) извршител

                       

            Посебни услови -потребни стручни квалификации и компетенции:

            - најмалку више или средно образование

            - најмалку 1 (една) година работно искуство во струката                     

            - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

           

            Покрај посебните услови, кандидатите за работното место потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:

                  - да е државјанин на Република Северна Македонија

            - активно да го користи македонскиот јазик

            - да е полнолетен

                  - да има општа здравствена способност

            - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

            Основната плата за работното место изнесува 16.217,00 денари

            Работни часа - 40 неделно

            Работни денови: од понеделник до петок

            Работно време од 07,30 до 15,30 часот

 

            Пријавата за вработувањe може да се подигнe на приемната писарница во судот или на веб-страната на судот: www.osberovo.mk

            Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар може да се достават преку приемна писарница на судот или по пошта на адреса: Основен суд Берово, кеј„Младина“б.б. Берово со назнака “За јавен оглас бр.1/20“.

            Рокот за поднесување на пријавата изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од денот на последното објавување на огласот во дневните весници (денот на објавување на огласот не се смета).

            Кандидатите кои внеле лажни податоци во пријавата се дисквалификуваат од натамошна постапка.

            Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Основен суд Берово.

 

 

                                                                                                                       ОСНОВЕН СУД БЕРОВО   

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_