Соопштение до јавноста [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение до јавноста

Соопштенија за јавност  |  02.7.2025

Определен притвор спрема едно лице

Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определувањена притвор на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.408/25 од 30.06.2025 година, донесе решение К-ПП-120/25 од 30.06.2025 година, со кое на едно лице му определи мерка притвор во траење од 8 (осум) дена, поради постоење на причините предвидени во член 470 став 1 точка 1 и точка 2 од Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Напад врз здраствен работник и здраствен соработник при вршење на здраствена дејност“ од член 304 – г став 2 во врска со став 1 од Законот за здраствена заштита и кривично дело „Напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“ од член 383 ств 2 во врска со став 1 од Крвичниот законик.

Против донесеното решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решението, до советот од член 25 став 5 од Законот за кривичната постапка.

 

Со почит Основен суд Битола.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_