Соопштение до јавноста
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение до јавноста
Соопштенија за јавност
|
09.10.2025
Oпределен притвор спрема едно лице
Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определување на притвор на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.324/25 од 11.08.2025 година, донесе решение К-288/25 од 08.10.2025 година, со кое на едно лице му определи мерка притвор во траење од 30 (триесет) дена, поради постоење на причините предвидени во член 470 став 4 в.в. со став 1 точка 2 од Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 ст. 4 од Кривичен законик.
Против донесеното решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена по приемот на решението, преку овој суд до Апелациониот суд во Битола.
Со почит Основен суд Битола.