Претседателот на Основниот суд во Битола оствари средба со претставникот на Амбасадата на Соединетите Американски Држави [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Основниот суд во Битола оствари средба со претставникот на Амбасадата на Соединетите Американски Држави

Новости  |  24.10.2024

На 21.10.2024 година, претседателот на Основниот суд во Битола м-р Татјана Петровска оствари средба со претставникот на Амбасадата на Соединетите Американски Држави  г-дин Џејсон Корли.

Претседателот Петровска изрази голема благодарност за интересот на претставникот на Амбасадата г-дин Корли да биде запознат со состојбата во која се наоѓа Основниот суд во Битола, по однос на бројот на судии кои постапуваат во Судот.

За време на средбата се разговараше и на теми во поглед на реформите во судството, предизвиците со кои се соочуваат судиите кон спроведување на принципите за владеење на правото, како и подобрувањето на состојбите на судството кон обезбебедување на судска независност.

На средбата беше заклучено дека соработката и понатаму треба да продолжи, со цел за подобрување на условите и зајакнување на капацитетите на Основниот суд во Битола. 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_