Соопштение до јавноста
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение до јавноста
Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определување на притвор на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.566/25 од 28.09.2025 година, донесе решение К-ПП-172/25 од 28.09.2025 година, со кое на едно лице му определи мерка притвор во траење од 30 (триесет) дена, поради постоење на причините предвидени во член 165 став 1 точка 3 од Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“ од член 188 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.
Против донесеното решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решението, до советот од член 25 став 5 од Законот за кривичната постапка.
Со почит Основен суд Битола.