Соопштение до јавноста
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение до јавноста
Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определување на притвор на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.565/25 од 25.09.2025 година, донесе решение К-ПП-171/25 од 26.09.2025 година, со кое на четири лица му определи мерка притвор во траење од 30 (триесет) дена, поради постоење на причините предвидени во членовите 165 став 1 точки 1, 2 и 3, 166 ,167, 168 Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 став 1 вв со член 288 став 1 вв со член 22 од КЗ и кривично дело „Неовластено изработување ,држење,посредување и тргување со оружје и екслозивни материи“ од член396 став 3 вв со став 1 и 5 од Крвичниот законик .
Против донесеното решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решението, до советот од член 25 став 5 од Законот за кривичната постапка.
Со почит Основен суд Битола.