Соопштение до јавноста
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение до јавноста
Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определување на притвор на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.702/25 од 07.11.2025 година, донесе решение К-ПП-209/25 од 07.11.2025 година, со кое на едно лице му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 (четириесет и осум) часа, поради постоење на причините предвидени во член 170 став 1 од Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 в.в со член 45 став 1 од Кривичниот законик.
Против донесеното решение странките имаат право на жалба во рок од 5 (пет) часа по приемот на решението, до советот од член 25 став 5 од Законот за кривичната постапка.
Со почит Основен суд Битола.