Соопштение до јавноста
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение до јавноста
Основниот суд Битола постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.619/25 од 10.10.2025 година, против решението на Судијата на претходна постапка при Основен суд Битола К-ПП.бр.179/25 од 09.10.2025, донесе решение КС-61/25 од 10.10.2025 година, со кое на едно лице наместо мерката куќен притвор, му определи мерка притвор во траење од 30 (триесет) дена, поради постоење на причините предвидени во член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од Чл.275-в став 3 во врска со став 1 во врска со чл.45 од Кривичен законик.
Против донесеното решение странките немаат право на жалба.
Со почит Основен суд Битола.