Соопштение за јавност - определување мерки на претпазливост [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност - определување мерки на претпазливост

Новости  |  10.10.2025

 

Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определување мерки на претпазливост на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.619/25 од 09.10.2025 година, донесе решение К-ПП-181/25 од 09.10.2025 година, со кое на две лица му определи мерки на претпазливост поради постоење на причините согласно со член 146 став 5 во врска со член 146 став 1 точка 2 и точка 3 од Законот за кривичната постапка , поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик,доделување на договор за јавна набавка или јавно -приватно партнерство“ од член 275-в став 3 од Кривичниот законик и кривично дело „Измама во службата“ од член 355 став 3 од Кривичниот законик.

  1. Привремено одземање на патна исправа ,забрана за издавање на нови патни исправи,како и забрана за преминување на државна граница со лична карта.

  1. Обврска на лицата да се пријавуваат еднаш неделно,односно секој работен понеделник пред овластено лице во Основен суд Битола.

     

Против донесеното решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена по приемот на решението, до советот од член 25 став 5 од Законот за кривичната постапка.

 

Со почит Основен суд Битола.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_