СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Соопштенија за јавност  |  13.6.2025

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Основниот суд Битола донесе пресуда К-289/23 со која обвинетиот Љ.Ѓ. од Битола, огласен е за виновен за продолжено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ од член 319 став 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик и за продолжено кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од член 394-г во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. Согласно со член 44 став 1 и став 2 очка 2 од Кривичниот законик, изречена му е алтернативна мерка – Условна осуда, со која му е утврдена единствена казна затвор во траење од 1 – една година и истовремено е определено дека истата нема да се изврши ако осудениот за време од 2-две години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Задолжен е да ги плати и трошоците во кривичната постапка во паушален износ од 5.500,00 денари, на трезорска сметка на Основниот суд Битола, во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, согласно со член 105 став 1 во врска со член 102 став2 точка 6 од Законот за кривичната постапка. Против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 8 дена преку овој суд, до Апелациониот суд Битола.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_