Уверенија и потврди од казнена евиденција
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Уверенија и потврди од казнена евиденција

Основниот суд во Битола, апелира до сите граѓани кои имаат потреба од Уверение или Потврда од Кривична или Казнена евиденција за физички или правни лица, да ја користат апликацијата за Издавање електронски документи преку порталот uslugi.gov.mk, за најбрзо добивање на бараниот документ.
За добивање на бараниот документ потребни се само три чекори:
1. Отворете ја апликацијата uslugi.gov.mk, или скенирајте го QR кодот и најавете се со вашиот профил од УЈП,
2. Пополнете електронско барање за потребниот документ,
3. Платете online со картичка.
и Уверението или потврдата ја добивате на вашата електронска пошта.
Барање може да поднесете и во Основен суд Битола, доколку сте родени во Битола, но само лично, друго лице со Ваше полномошно или адвокат со адвокатско полномошно.
Со почит,
Основен суд Битола