Соопштение до јавноста
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение до јавноста
Обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.26/25 од 23.05.2025 година, одобрен во целост.
Судијата за оцена на обвинителниот акт, постапувајќи по обвинението КО.бр.26/25 од 23.05.2025 година, поднесено на 26.05.2025 година, против едно лице за кривично дело „Фалсификување пари“ од член 268 став 1 од Кривичниот законик, го одобри во целост.
По вака одобрениот обвинителен акт против едно лице ќе се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај совет од член 25 став 1 од Законот за кривичната постапка, за што ќе биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот.
Со почит Основен суд Битола.