ИНТЕРЕН ОГЛАС 1/2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИНТЕРЕН ОГЛАС 1/2023

Известувања, Новости  |  15.11.2023
Интерен оглас за вработување број 1/2023

Република Северна Македонија

Основен суд Делчево

СУ-04—525/23

15.11.2023 год.

            Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20), Правилникот за систематизација на работните места во  Основен суд Делчево Су-0101-40/23 од 02.02.2023 година, како и Согласноста од Министерот за финансии бр.18-4396/6 од 22.09.2023 година,  Согласноста од Судски буџетски совет бр.08-280/9 од 29.09.2023 година , на ден  15.11.2023 година,

 

ОСНОВНИОТ СУД ДЕЛЧЕВО

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023

За унапредување на 2- двајца  судски службеници

 

1.Категорија В, ниво В3 СУД0101В03002

Соработник - 1 еден извршител

Посебни услови за вршење на работите:

-стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен економски факултет Работно искуство

-најмалку 5 години работно искуство во струката

Посебни работни  компетенции:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски),

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Работно време: од  понеделник до петок од 7,30 часот до 15,30 часот

Работни часови: неделно 40 часа

Нето плата ( за образование,  ниво и  звање)  38.130,00 денари

На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво наведени во овој оглас, како и:

-да е оценет со оценка „особено се истакнува“ или се „истакнува“ при последното оценување;

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-да поминал најмалку пет години на работното место на кое е распореден и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

 

2.Категорија Г3, ниво Г3 СУД0101Г03001

Судски референт -1 еден извршител

Посебни услови за вршење на работите:

-најмалку вишо или средно образование

Работно искуство

-најмалку 5 години работно искуство во струката

Посебни работни  компетенции:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски),

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Работно време: од  понеделник до петок од 7,30 часот до 15,30 часот

Работни часови: неделно 40 часа

Нето плата (за образование, ниво и звање)  28.000,00 денари

На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво наведени во овој оглас, како и:

-да е оценет со оценка „особено се истакнува“ или се „истакнува“ при последното оценување;

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

-уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено

-доказ за работното искуство

-сертификат за уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено

-диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено

Кон пријавата кандидатите покрај  горенаведение  докази,  можат да ги  приложат и  следните  докази:

-потврда за успешно релизирани обуки како  посетител,  не постари  од  5 години,

-потврда за успешно реализирани обуки  како  обучувач,  не постари од  5 години

-потврда за  успешно реализирано менторство како ментор,

-потврда за  успешно реализирано менторство како менториран

Условите кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со  точни податоци.

Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите се должни да ја достават во приемната писарница  во  Основен суд Делчево.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена сметано од денот на објавување на веб страната на судот.

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција  и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20).

 

                                                                                    ОСНОВЕН СУД ДЕЛЧЕВО

Прилози:

Пријава за интерен оглас

Содржина на огласот во ПДФ форма

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_