ЈАВЕН ОГЛАС 1/2025 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС 1/2025

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  23.1.2025
ЈАВЕН ОГЛАС 1/2025

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД ДЕЛЧЕВО

Су.бр. 0401- 12 /25

23.01.2025 година

Делчево

 

 

Врз основа на член 18 од Законот за судска службаа во врска со ,член 22 и член 23 од Законот за работни односи и Согласноста на Министерството за финансии бр.08- 72/1 од 17 .01.2025 година

 

ОСНОВЕН СУД ДЕЛЧЕВО

објавува ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2025

за вработување на судски службеници и работник на определено време до

31.03.2025 година за следните работни места:

 

1. Судски соработник- 2-(два).... извршители

Посебни услови:потребни стручни квалификации и компетенции

- најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет

- положен правосуден испит,

- најмалку 1(една) години работно искуство во струката,

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење .

Платата на судскиот службеник ќе изнесува: 37,620,00 денари.

2. Судски референт-дактилограф- 1-(еден).... извршител

Посебни услови:потребни стручни квалификации и компетенции

- најмалку средно образование

- најмалку 1(една) години работно искуство во струката,

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Платата на судскиот службеник ќе изнесува: 26.799,00 денари.

3. Помлад судски референт-доставувач- 1-(еден).... извршител за подрачјето на Општина Македонска Каменица

Посебни услови:потребни стручни квалификации и компетенции

- најмалку средно образование

- со или без работно искуство во струката

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Платата на судскиот службеник ќе изнесува: 25.172,00 денари.

4. Одржувач на хигиена-хигиеничар- 1-(еден).... извршител

Посебни услови:потребни стручни квалификации и компетенции

- најмалку средно образование

- со или без работно искуство во струката

Платата ке изнесува: 24.629,00 денари


 

Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнат и следните општи услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

 

Останати права и ибврски за секое од работните места:

 бројот на работни часови неделно: 40 ;

 работни денови : од понеделник до петок

 работно време: од 07,30-15,30 ч ;

 дневна пауза : од 11,00 до 11,30 ч.

 

Пријавата за вработување може да се подигне на приемно одделение во судот или од интернет страницата на Основен суд Делчево и истата заедно со приложените докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар да се достават во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Делчево или преку пошта на адреса:

Основен суд Делчево

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 1/2025

Булевар Македонија бр.бб

2320 Делчево

Рокот за поднесување на пријавата изнесува 3 (три) работни дена по денот на објавување на огласот во дневен весник.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, или пријава во која се внесени лажни податоци нема да се разгледува.

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

ОСНОВЕН СУД ДЕЛЧЕВО

Целосниот текст на огласот може да се преземе на следниот линк

Пријавата за огласот можете да ја преземете на следниот линк

ПРИЈАВА ЗА ОГЛАС

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_