За судиите
			
			
			
				За судиите
Со надлежноста на Основен суд Кавадарци, којашто е определена со законот за судови (службен весник на РМ бр. 58/06; 35/08 и 96/19), за решавање на предмети во судот се ангажирани 6 судии.
Претседател
CV на Претседател
Судија Елизабета Петковска
Образование:
- Родена е во Кавадарци на ден 27.04.1967 година.
 - Се запишала на Правниот факултет во Скопје 1985/86 година, а дипломирала во 1989 година и тоа правосудна насока.
 - Положила правосуден испит на 07.12.1993 година.
 
Работно искуство:
- На ден 01.02.1995 година се запишала во Адвокатската комора на РМ и работела како адвокат седум години.
 - Избрана е за судија на Основен суд Кавадарци на ден 11.12.2001 година .
 - Ја извршува должноста Претседател на Основен суд Кавадарци од Март 2014 годинa до Април 2015.
 - Подолг период е Претседател на граѓанскиот оддел во Основен суд Кавадарци
 - Повторно е назначена да ја извршува должноста Претседател на Основен суд Кавадарци на почетокот на 2024 година.
 - Избрана е за Претседател на Основен суд Кавадарци на 10.04.2025 година.
 
Судиите
Судија Зоран Јосифовски - Заменик на Претседателот на судот
Судија Зоран Јосифовски - Заменик на Претседателот на судот

Образование:
- Роден е на 15.01.1970 година во Кавадарци.
 - Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 22.06.1995 година.
 
Работно искуство:
Правосудниот испит го положил на 24.12.1997 година.
- Од 01.10.1998 година се вработува во Основниот суд Кавадарци како Стручен соработник.
 - Од 15.07.2002 година ги обавува работите и работните задачи, Секретар на Основниот суд Кавадарци.
 - За Судија на Основниот суд Кавадарци е избран на 15.02.2005 година.
 - Претседател на Основниот суд Кавадарци од 2010 до 2014 година.
 - Повторно е реизбран за Претседател на Основниот суд Кавадарци во Април 2015
 - Моментално ја извршува функцијата заменик Претседател на Основниот суд Кавадарци.
 
Судија Лидија Ридова
Судија Лидија Ридова

Образование:
Родена е на 28.08.1966 година во Кавадарци.
- Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во септември 1989 година.
 - Во периодот од 01.01.1990 година до 01.07.1991 година обавува волонтерска работа во АК ,,Тиквеш,, и ОП,,Југокомерц,, во Кавадарци.
 
Работно искуство:
- На 01.07.1991 година се вработува во редовен работен однос како правник во ОП,,Југокомерц,, а од 11.09.1991 година работи во ОП,,Стил-ко,,Кавадарци, се до 15.12.1994 година.
 - Во октомври 1995 година го положи правосудниот испит.
 - Од 01.10.1998 година вработена е во Основен суд Кавадарци, на работно место водител на кривично одделение, а од 11.07.2002 година распоредена е на работно место Стручен соработник.
 - На 15.02.2005 година избрана е за судија во Основен суд Кавадарци.
 - Моментално е претседател на Кривичниот оддел
 
Судија Лилјана Ситникоска
Судија Лилјана Ситникоска

Образование:
Родена е на 04.09.1963 година во Прилеп.
- Дипломира 1987 година на Правниот факултет во Битола.
 - Правосуден испит положила на 04.10.1994 година.
 
Работно искуство:
- Со отворањето на адвокатската канцеларија на 01.01.1995 година, таа е прва жена адвокат во Кавадарци.
 - Од 17.01.1997 година е избрана за секретар на Советот на општина Кавадарци, каде работи до 27.12.2000 година.
 - Од 01.01.2000 до 13.03.2001 година прима апанажа, а од 13.03.2001 година повторно отвара адвокатска канцеларија.
 - Во периодот додека работи како секретар на Советот е учесник во повеќе проекти во општината, член е на повеќе невладини организации, и учествува во работната група во Министерството за локална самоуправа која работеше на стратегијата за децентрализација на локалната самоуправа, пред донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа.
 - Учесник е на студиски посети, меѓународни семин- ари и работилници во Полска, Грција и Бугарија.
 - За судија на Основниот суд Кавадарци, е избрана на ден 12.12.2001 година.
 - Работи на граѓанската материја, а една и пол година има работено и стечајна материја - како претседател на стечаен совет.
 - Од 2010 година е портпарол на Основниот суд Кавадарци.
 
Судија Ева Димитров Кузев
Судија Ева Димитров Кузев

Образование:
Родена е на 22.12.1986 година
- 
	
Се запишала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2005 година, каде завршила додипломски и постдипломски правни студии на насоката граѓанско право во рамки на која магистрирала на тема „Лица кои имаат право на справедлив паричен надомест на нематеријална штета во правото и практиката на РМ“.
 - 
	
Правосуден испит положила во април 2012 година
 - 
	
Во март 2017 година се запишала на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје, во рамки на VI генерација слушатели на почетна обука.
 
Работно искуство:
- 
	
По завршување на додипломските студи работела како надворешен соработник во рамки на проект за трансвер на судските предмети кај нотари и извршители и како соработник - предавач по реторика, во рамки на проект за обука на ученици во средни училишта Град Скопје.
 - 
	
По завршувањето на правосудниот испит во 2012 година до 31.01.2014 година работела во адвокатска канцеларија како стручен соработник
 - 
	
Од 01.02.2014 година до 28.02.2017 година работела како стручен соработник во Основен суд Кавадарци
 - 
	
Од 01.03.2017 година е вработена во Академијата за судии и јавни обвинители како слушател на почетна обука, а на 03.11.2020 година е избрана за судија во Основен суд Кавадарци
 - 
	
Од 27.11.2023 година работи на граѓанска материја и на предмети по приговор против незаконитости при извршувањето