За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Со надлежноста на Основен суд Кавадарци, којашто е определена со законот за судови (службен весник на РМ бр. 58/06; 35/08 и 96/19), за решавање на предмети во судот се ангажирани 6 судии.

Претседател

CV на Претседател

Судија Елизабета Петковска

Име и презиме:
Елизабета Петковска
Година на избор:
2001
Област на која работи судијата:
Граѓанска материја

Образование:

  • Родена е во Кавадарци на ден 27.04.1967 година.  
  • Се запишала на Правниот факултет во Скопје 1985/86 година, а дипломирала во 1989 година и тоа правосудна насока.
  • Положила правосуден испит на 07.12.1993 година.

Работно искуство:

 

  • На ден 01.02.1995 година се запишала во Адвокатската комора на РМ и работела како адвокат седум години.
  • Избрана е  за судија на Основен суд Кавадарци на ден 11.12.2001 година .
  • Ја извршува должноста Претседател на Основен суд Кавадарци од Март 2014 годинa до Април 2015.
  • Подолг период е Претседател на граѓанскиот оддел во Основен суд Кавадарци
  • Повторно е назначена да ја извршува должноста Претседател на Основен суд Кавадарци на почетокот на 2024 година.
  • Избрана е за Претседател на Основен суд Кавадарци на 10.04.2025 година.

Судиите

Судија Зоран Јосифовски - Заменик на Претседателот на судот

Судија Зоран Јосифовски - Заменик на Претседателот на судот

Име и презиме:
Зоран Јосифовски - Заменик на Претседателот на судот
Година на избор:
2005
Област на која работи судијата:
Кривична материја

Образование:

  • Роден е на  15.01.1970 година во Кавадарци.
  • Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 22.06.1995 година.

 

Работно искуство:

 

Правосудниот испит го положил на 24.12.1997 година.

  • Од 01.10.1998 година се вработува во Основниот суд Кавадарци како Стручен соработник.
  • Од 15.07.2002 година  ги обавува работите и работните задачи, Секретар на  Основниот суд Кавадарци.
  • За Судија на Основниот суд Кавадарци е избран на 15.02.2005 година.
  • Претседател на Основниот суд Кавадарци од 2010 до 2014 година.
  • Повторно е реизбран за Претседател на Основниот суд Кавадарци во Април 2015
  • Моментално ја извршува функцијата заменик Претседател на Основниот суд Кавадарци.

Судија Лидија Ридова

Судија Лидија Ридова

Име и презиме:
Лидија Ридова
Година на избор:
2005
Област на која работи судијата:
Кривична

Образование:

Родена е на 28.08.1966 година во Кавадарци.      

  • Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во септември 1989 година.
  • Во периодот од 01.01.1990 година до 01.07.1991 година обавува волонтерска работа во АК ,,Тиквеш,, и ОП,,Југокомерц,, во Кавадарци.

Работно искуство:

  • На 01.07.1991 година се вработува во редовен работен однос како правник во ОП,,Југокомерц,, а од 11.09.1991 година работи во ОП,,Стил-ко,,Кавадарци, се до 15.12.1994 година.
  • Во октомври 1995 година го положи правосудниот испит.
  • Од 01.10.1998 година вработена е во Основен суд Кавадарци, на работно место водител на  кривично одделение, а од 11.07.2002 година распоредена е на работно место Стручен соработник.
  • На 15.02.2005 година избрана е за судија во Основен суд Кавадарци.
  • Моментално е претседател на Кривичниот оддел

Судија Лилјана Ситникоска

Судија Лилјана Ситникоска

Име и презиме:
Лилјана Ситникоска
Година на избор:
2001
Област на која работи судијата:
Граѓанска

Образование:

Родена е на 04.09.1963 година во Прилеп.

  • Дипломира 1987 година на Правниот факултет во Битола.
  • Правосуден испит положила на 04.10.1994 година.

Работно искуство:

  • Со отворањето на адвокатската канцеларија на 01.01.1995 година, таа е прва жена адвокат во Кавадарци.
  • Од 17.01.1997 година е избрана за секретар на Советот на општина Кавадарци, каде работи  до 27.12.2000 година.
  • Од 01.01.2000 до 13.03.2001 година прима апанажа, а од 13.03.2001 година повторно отвара адвокатска канцеларија.
  • Во периодот додека работи како секретар на Советот е учесник во повеќе проекти во општината, член е на повеќе невладини организации, и учествува  во работната група во Министерството за локална самоуправа која работеше на стратегијата за децентрализација на локалната самоуправа, пред донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа.
  • Учесник е на студиски посети, меѓународни семин- ари и работилници во Полска, Грција и Бугарија.
  • За судија на Основниот суд Кавадарци, е избрана  на ден 12.12.2001 година.
  • Работи на граѓанската материја, а една и пол година  има работено и стечајна материја - како претседател на стечаен совет.
  • Од 2010 година е портпарол на Основниот суд Кавадарци.

Судија Ева Димитров Кузев

Судија Ева Димитров Кузев

Име и презиме:
Ева Димитров Кузев
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Граѓанска материја

Образование:

Родена е на 22.12.1986 година

  • Се запишала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2005 година, каде завршила додипломски и постдипломски правни студии на насоката граѓанско право во рамки на која магистрирала на тема „Лица кои имаат право на справедлив паричен надомест на нематеријална штета во правото и практиката на РМ“.

  • Правосуден испит положила во април 2012 година

  • Во март 2017 година се запишала на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје, во рамки на VI генерација слушатели на почетна обука.

Работно искуство:

  • По завршување на додипломските студи работела како надворешен соработник во рамки на проект за трансвер на судските предмети кај нотари и извршители и како соработник - предавач по реторика, во рамки на проект за обука на ученици во средни училишта Град Скопје.

  • По завршувањето на правосудниот испит во 2012 година до 31.01.2014 година работела во адвокатска канцеларија како стручен соработник

  • Од 01.02.2014 година до 28.02.2017 година работела како стручен соработник во Основен суд Кавадарци

  • Од 01.03.2017 година е вработена во Академијата за судии и јавни обвинители како слушател на почетна обука, а на 03.11.2020 година е избрана за судија во Основен суд Кавадарци

  • Од 27.11.2023 година работи на граѓанска материја и на предмети по приговор против незаконитости при извршувањето

Прва<1>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести