СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
С О О П Ш Т Е Н И Е
Основниот суд Кочани постапувајќи по поднесени мерки за обезбедување на присуство против 8-осум осомничени лица поврзани со кривичен правен настан од 16.03.2025 година односно случајот, пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во текот на вчерашниот ден постапуваше по истите, и за 6-шест осомничени лица определи повеќе мерки на претпазливост предвидени во чл. 146 од ЗКП, додека спрема 2-двајца осомничени лица изрече мерка Куќен притвор.
Дополнително спрема едно лице кое е обвинето со обвинителниот акт на ОЈО Кочани за овој кривично правен настан, а спрема кое и претходно беа определени мерки на претпазливост, беше предложена и од судот прифатена дополнителната мерка за претпазливост предвидена согласно чл. 146 од ЗКП.
Основен суд Кочани