СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
С О О П Ш Т Е Н И Е
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство -Кочани за определување мерка притвор за 24-дваесет и четири лица поради основано сомневање за сторено кр. дело ,,Тешки дела против општата сигурност,, од чл.292 ст.2 в.в со чл.288 ст.3 в.в. ст.2 в.в. ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, кои беа спроведени во судот, Судија на претходна постапка по произнесување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, го прифати предлогот на обвинителството и им определи за 24-дваесет и четири лица мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 од ЗКП.
По донесените 24-решенија за определување на мерката притвор, беа поднесени 22-дваесет и две жалби од осомничените.По жалбите постапуваше Совет од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани и одлучи за 19-деветнаесет осомничени жалбата да се одбие и остане определната мерка притвор, додека за 3-тројца осомничени мерката притвор е заменета со куќен притвор,и согласно член 144, чл. 146 став 1 т. 3 од ЗКП е определена и мерка на претпазливост -привремено одземање на патна или друга исправа за преминување државната граница односно забрана за нејзино издавање.
Против 2-две од решнијата, со кои е заменета мерката притвор со куќен притвор од страна на Основното јавно обвинителство се поднесени жалби, по кои постапува Апелациониот суд во Штип.Против 1-едно од решенијата на Советот од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани со кое е приначена мерката притвор со куќен притвор, нема изјавено жалба и истото е правосилно.“
Основен суд Кочани