ЈАВЕН ПОВИК
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ПОВИК
Република Северна Македонија
Основен суд Неготино
Су 03 бр.32/25-3
20/05/2025 година
Неготино
Ј А В Е Н П О В И К
за избор на правно лице кое врши дејност или
поседува дозвола за собирање и/или транспортирање,
преработка, рециклирање и уништување на отпад
Основен суд Неготино, врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост („Службен весник“ бр.78/15, ..... и 122/21) и Одлуката на Владата на РСМ бр.50-938/5 од 25.02.2025 година за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад („Службен Весник на РСМ“ бр.45 од 27.02.2025 година), објавува јавен повик за избор на правно лице кое вршат дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, за движни ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на Основен суд Неготино.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад, како и да врши нивна преработка, рециклирање и уништување на соодветен начин во зависност од видот на отпадот, согласно со законските прописи.
Право на учество имаат сите правни лица кои поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад – издадена од надлежен орган.
Лице за контакт во врска со јавниот повик: Горан Николов, телефон за контакт 076/318-950, електронска адреса: info@osnegotino.mk
Подетални информации за движните ствари може да се добијат секој работен ден од 09,00 до 15,00 часот во седиштето на Основен суд Неготино, ул.„Маршал Тито“ бр.84 Неготино, a потребната документација во врска со јавниот повик може да се подигне електронски на веб страницата на Основен суд Неготино.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 30.05.2025 година.
Комисија за движни и недвижни ствари на
Основен суд Неготино
Прилог 1:
- Список на основни средства (електронска опрема) за ништење
- Список на основни средства за ништење
Прилог 2: