Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Соопштенија за јавност  | 26.5.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 2616/20 познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 27.05.2022 година се презакажува со оглед да еден од обвинетите ќе биде службено отсутен од земјата, за што е доставено и известување од Собраните на РСМ. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 10.5.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации за текот на извршувањето на правосилните пресуди донесени врз основа на предлог – спогодби за предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека: [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 09.5.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17, од обвинителството означен како „Тендери“, ја информираме јавноста дека расправата насроечна за 10.05.2022 година се презакажува, со оглед да предметот сеуште е во фаза на супер - вештачење и до овој момент не е вратен на понатамошно постапување во судот. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 09.5.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“, а во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје од денеска започнуваат со реализиација на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II„ кој ќе се спроведува од април до декември 2022 година. [повеќе]
  • Известувања  | 05.5.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 4/2022

    ЈАВЕН ОГЛАС бр.4/2022 за избор на 30 судии поротиници [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 29.4.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со Квп2 48/2022 со кое советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со К.бр. 1904/16 и пресуда на Апелациониот суд Скопје со КЖ 253/21, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар“, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 29.4.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 2616/20, познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека денешната расправа се презакажува со оглед да до судот е доставена медицинска документација за спреченост на еден од обвинетите да присуствува на расправата заради здравствени проблеми. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 21.4.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалби на правните лица Дивелоп груп ДОО Скопје и Бест Вејт Инвестмент ДООЕЛ Скопје, изјавени против шест решенијата на судии на претходна постапка, а поврзани со истрагата на ОЈО ГОКК за предметот познат како „Империја“, на 20.04.2022 година одржа седница на која по извршен увид во списите и ценејќи ги фактите приложени во жалбите донесе решенија со кои жалбите се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 19.4.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес не медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 930/18 познат како „Комисија“, ја информираме јавноста дека на денешната расправа при изведување на завршните зборови, надлежниот Јавен обвинител изврши правна прекфалификација на кривичното дело па така обвинетите В.П., Н.Г., А.Ч., Л.Т., А.С., Н.Д.Б., А.С., Ш.М. и Р.С., нмаесто за кривичното дело Неовластено работење во службата по чл. 353 – в ст.2 вв со ст.1 од КЗ, како што првично беа обвинети, да се гонат по чл. 86 – б ст.2 вв со ст.1 од Законот за здравствено осигорување, за кое дело се исполнети Законските услови за апсолутна застареност. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 18.4.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 7/20 од обвинителството означен како „Титаник 2 “, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 19.04.2022 година се презакажува по барање на надлежниот јавен обвинител кој го извести судот дека е на службен пат. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_