Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 30/20 познат како „Шпански скали“, насрочена за 05.03.2024 година се одлага по барање на одбраната заради спреченост на обвинетиот Д.Д. да присуствува на расправата од здравствени причини, за што е доставена и медицинска документација.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 27.2.2024 | Основен суд Скопје I
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 59/22, од обвинителството означен како „Титаник“, насрочена за 01.03.2024 година се отповикува по барање на надлежниот Јавен обвинител кој го извести судот дека во тој период, имал други службени обврски.
[повеќе]
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за 6 лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за претпазливсот.
[повеќе]
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со КОК бр. 124/21, познат како „Поштенска банка“ насрочена за 22.02.2024 година, се отповикува заради спреченост на еден од обвинетите да присуствува на расправата од здравствени причини.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 16.2.2024 | Основен суд Скопје I
Основниот кривичен суд Скопје, денеска ( 16.02.2024 год. ) на јавна расправа, ја објави пресудата за кривичниот предмет со К.бр. 2799/20, во јавноста познат како „Друмарина“, против обвинетата С.Б. за кривичното дело Измама во службата од чл. 355 ст. 3 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ со која обвинетата ја ослободи од обвинение.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 05.2.2024 | Основен суд Скопје I
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информиаме јавноста дека денешната главна расправа за предметот со К.бр. 349/23 поврзан со Приватна здравствена установа „Жан Митрев“ се отповикува, со оглед да едниот бранителот достави медицинска документација за спреченост за присуствува на расправата заради здравствени причини, а обвинетиот го отажа полномошното на останатите бранители.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 02.2.2024 | Основен суд Скопје I
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со случајот „Онкологија“, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот донесе решенија со кои:
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 31.1.2024 | Основен суд Скопје I