Сите вести
ActionsВести
-
Соопштенија за јавност | 17.10.2023 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд Скопје ги поканува претставниците на медиумите кои ја следат работата на судот на 19.10.2023 година ( четврток) во 13:00 часот на Брифинг со претстадателот на судот во однос на сите актуелни прашања, а со цел да се задржи континуитет на транспарентно и отчетно работење. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 13.10.2023 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека на денешната расправа надлежниот Јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 вв со ст.1 вв со чл. 22 од КЗ во чл. 353 ст.1 од КЗ и согласно одредбите од чл. 107 и чл. 108 од КЗ побара примена на поблагиот закон. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 04.10.2023 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои го следат судењето за предметот со КОК бр. 3/19, од обвинителството означен како „Талир“, ја информираме јавноста дека денешната главна расправа се отповикува заради отсуство на Претседателот на судечкиот совет. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 03.10.2023 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд Скопје трета година по ред ги отвори вратите за практична настава на учениците од СЕПУГС Васил Антевски - Дрен од Скопје, кои во текот на целата учебна година, по еден ден во неделата ќе присуствуваат во Кривичниот суд како дел од проектот „Учење преку работа“. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 26.9.2023 | Основен суд Скопје I
ЈАВЕН ОГЛАС 4-2023 ЗА СУДИИ ПОРОТНИЦИ
Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр.58/06, 62/06, 35/08, бр.150/10, 83/2018, 198/18 и 96/19), како и член 53 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на РСМ“ број 102/2019), Основниот кривичен суд Скопје објавува: [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 06.9.2023 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја инфoрмираме јавноста дека пресудата за предметот со КОК бр. 46/22 од обвинителството означен како „Дизајн“ ќе биде објавена на 07.09.2023 година во 12:00 часот во судница 6. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 31.8.2023 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 349/23 поврзан со ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ насрочена за 04.09.2023 година, ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да до судот е доставен поднесок со прилог медицинска документација дека обвинетиот Ж.М. е објективно спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 19.7.2023 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд Скопје, денеска 19.07.2023 година, на јавна расрпава, ја објави првостепенaта пресуда за предметот со КОК бр. 61/20 против обвинетиот М.Ш., Судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување и поднесено обвинение со детали во следниот линк: [повеќе]