Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Соопштенија за јавност  | 25.6.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието на РСМ, на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10:00 часот. [повеќе]
  • Новости  | 22.6.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ е одобрен во целост, по што е фромиран и кривично - правен предмет со КОК бр. 63/21. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 11.6.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП. Основен кривичен суд Скопје. [повеќе]
  • Новости  | 09.6.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Во однос на сите шпекулации и дезинформации кои во последно време се лиферуваат во јавноста поврзани со предметот познат како „Талир1„ [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 31.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“ ја информираме јавноста дека денешната расправа наместо во 10:00 часот, заради технички причини се презакажува за во 11:00 часот. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 26.5.2021 | Основен суд Скопје I

    ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУДИИ-ПОРОТНИЦИ

    Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр.58/06, 62/06, 35/08, бр.150/10, 83/2018, 198/18 и 96/19), како и член 46 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" број 60/2006, 150/10, 100/11, 20/15, 61/15, 197/17 и 83/18), Основниот кривичен суд Скопје објавува: [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 25.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од „27-ми април“ кои се случија во Собранието на Р.М., ја информираме јавноста дека следната расправа е насрочена за 28.05.2021 година во 10:00 часот. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 20.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите околу поднесениот предлог на еден од обвинетите, во предметот со КОК бр. 60/17, од обвинителството означен како „Трезор“, за укинување на мерката притвор и определување гаранција, ја информирам јавноста дека: Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, за уважување на предлогот за укинување на мерката притвор со замена – гаранција, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива како неоснован. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 17.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации ја информираме јавноста дека, главната расправа по предметот со К.бр. 2616/20 од обвинителството означен како „Моќник“ насроечна за денеска 17.05.2021 година се одлага по добиено известување дека еден од обвинетите има здравствени пречки да присуствуа на судење. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 12.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите, а поврзано со истрагата во јавноста позната како „Плацеви на Водно“. Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_