СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
31.10.2025
Отповикана расправата за „Адитив“
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр.73/25 познат како „Адитиви“, ја информираме јавноста дека расправата закажана на 03.11.2025 година, во 10:00 часот, се отповикува.
Имено, до судот, од страна на бранителот на обвинетиот Т.М. е доставено барање за одлагање на рочиштето со приложена медицинска документација согласно која обвинетиот не може да присуствува на расправата поради здравствени причини и дадена препорака од лекар.
Судењето ќе продолжи на следниот, веќе утврден, термин на 10.11.2025 година во 10:30 часот, за кој термин странките се известени.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.