СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  16.2.2024
Основниот кривичен суд Скопје, денеска ( 16.02.2024 год. ) на јавна расправа, ја објави пресудата за кривичниот предмет со К.бр. 2799/20, во јавноста познат како „Друмарина“, против обвинетата С.Б. за кривичното дело Измама во службата од чл. 355 ст. 3 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ со која обвинетата ја ослободи од обвинение.

Според првостепната, неправосилна, пресуда судот утврди дека Јавниот обвинител, надвор од разумно сомнение, не го докажа делото кое и се става на товар на обвинетата, а во однос на оштетното побарување на РСМ, застапникот го упати на спор.

Воедно судот, постапувајќи по службена должност, а по сила на законот, донесе решение со кое се укинува времената  мерка – Забрана за отуѓување и ставање под хипотека на недвижен имот на име на обвинетата и нејзиното семејство.

Против првостепената пресуда и решението, странките имаат право на жалба во рок од 15 дена по прием на пресудата и 3 дена по прием на решението, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_