СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Воедно учениците имаа средба со судијата Лидија Петровска која им ги презентираше сите предизивици и проблеми со кои се соочуваат судиите при нивното постапување и начинот на водење една кривично – правна постапка. Им беа презентирани специфични правосилни судски случаеви кои се од особено значење за судската пракса, но и соодветни за возраста на учениците, предвидените казни за одредени кривични дела како и значењето на репресијата, но и превенцијата од казнувањето.
Ваквите факултативни посети од средношколци и студенти од правните смерови се дел од заложбите на Кривичниот суд за поголема отвреност и отчетност пред јавноста па во тој правец судот ги повикува сите заинтересирани ученици и средношколци да ја искористат понудената шанса за волонтерска или практична настава во судот како најдобар начин за практично запознавање на правната наука и судските постапки.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.