Отворен ден на Кривичниот суд
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Отворен ден на Кривичниот суд
По тој повод Матуранти од Средните правни училишта на град Скопје, Васил Антевски – Дрен и Арсение Јовков, како и студенти од Правниот факултет во Скопје, имаа можност да се запознаат со техничките и просторните услови за работа на судските писари и во самите судници. Разговараа со претставници на Пробациската служба која е во рамки на Кривичниот суд, присуствуваа на јавна судска расправа и се запознаа со ВД Претседателката на судот – судија Даниела Димовска, и судијата од одделот за претходна постапка – Сандра Крстиќ со кои разговараа за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат како судии, како и неопходните вештини и знаење кое треба да го поседува секој судија.
Отворениот ден на судот, е дел од заложбите за поголема отвореност и транспарентност во јавноста како и соработка со невладините организации, меѓународните мисии во земјата како и сите правни образовни институции.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.