СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
03.10.2025
Распределен предметот за пожарот во „Кочани“ за понатамошно постапување.
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека предметот со К.бр. 1872/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за кој обвинителниот акт денеска беше одобрен во целост:
Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни.
Станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
За сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, како што посочивме јавноста и странките ќе бидат благовремено известени.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.