СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, против едно лице, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува.
По вака одобрениот обвинителен акт против едно лице и обвинителен предлог против 3 други лица формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот.
Дополнување, другиот обвинителен акт поврзан со случајот „Онкологија“ против двајца осомничени е сеуште во фаза на оцена.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.