СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  09.5.2022
Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“, а во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје од денеска започнуваат со реализиација на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II„ кој ќе се спроведува од април до декември 2022 година.

Проектот се базира на анонимизација на правосилни пресуди на Основниот кривичен суд Скопје, кои согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите ќе бидат објавени на веб страната sud.mk, а кои пресуди се од корист за градење на судската пракса и пресуди за предмети кои биле од интереси на јавноста во текот на постапката.

Анонимизацијата ќе ја вршат тројца волонтери кои поминаа процес на обука и кои ги потпишаа сите неопходни изјави за доверливост.

Ова е втор ваков проект кој Основниот кривичен суд Скопје го организира со Коалицијата „Сите за правично судење“ во кој се инволвирани надворешни соработници – волонтери, а е наменет за зголемување на фондот на анонимизирани пресуди на Кривичниот суд како и можност за волонтерите да се стекнат со практично искуство во работење со судски предмет.

За новиот проект, Кривичниот суд и Коалицијата, ќе спроведат и дополнителна презентација на сработеното пред правосудните институции, Адвокатската комора, Здружението на судии и студентите од Правните факултети како потик иститие да се вклучат во понатамошната реализиација на слични проекти. Основниот кривичен суд останува на заложбите за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста па заради тоа и ја продлабочува соработктата на Правосудните институции со невладиниот сектор како своевиден начин за унапредување на човековите права и слободи.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_