СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Од Основниот суд Кочани до Основниот кривичен суд Скопје, денеска беше доставен предметот со КООА – 13/25, оформен по поднесен обвинителен акт на Основниот јавно обвинителство – Кочани, а во однос на пожарот во дискотеката Пулс, како и решението на Врховниот суд на РСМ според кое за стварно и месно надлежен за постапување во оцена на обвинителниот акт се определува Кривичниот суд.
Согласно решението на највисокиот суд, кој постапувал по предлог на Апелациониот суд Штип, за определување на стварна и месна надлежност за постапување по предметот, Врховниот суд анализирајќи го кадровскиот и техничкиот потенцијал на Основните судови во Штип и Струмица, како судови со проширена надлежност на територија на Апелационо подрачје Штип, утврдил дека во наведените судови нема доволен број на судии од кривична област за кои нема законски пречки да постапуваат по конкретниот предмет.
Имајќи ја предвид обемноста и сложеноста на предметот, бројот на обвинети и бројот на оштетени, обемниот доказен материјал и јавниот интерес за истиот, Врховниот суд, ценел дека по конкретниот предмет треба да постапуваат судии од кривична област кои со стекнатото искуство и познавање на кривичната материја ќе овозможат гаранција за ефикасност, стручност, Законито постапување, а преку постапката ќе допринесат и за „сензибилизирање на јавноста“, како што е наведено во решението.
Поради погоре наведените причини, Основниот кривичен суд Скопје е опреден како надлежен за постапката, па во тој правец, доставениот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на совет за оцена на обвинение кој по примерот ќе го достави актот до обвинетите по што започнува Законскиот рок за приговор на истиот. По исполнување на предвидените услови за постапување, советот ќе закаже седница за оцена за исходот странките и јавноста, ќе биде навремено известени.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.