СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Имено, судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на Јавниот обвинител, смета дека во овој момент сеуште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП односно околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка сеуште е во тек и сеуште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази. Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 08.04.2025 година токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот на истото.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.