СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  13.10.2025
Адвокатска канцеларија во рамки на Основниот кривичен суд Скопје

Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ ја отворија Канцеларијата за адвокати во рамки на Кривичниот суд која може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски ви рамки на судот.

Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да се овозможи влез на сите адвокати кои во моментот се во судот, а воедно одвоен од службените канцеларии на судиите и судската служба.

Канцеларијата е опремена од страна на Адвокатската комора на РСМ со соодветен канцелариски мебел и е со цел да овозможи простор на адвокатите за кратки пауза меѓу насрочените расправи како и подготовка за рочиште, воедно истата може да се користи и за состаноци и координација на бранителите.

Ова е прва ваква канцеларија која ја овозможува Основниот кривичен суд Скопје која може да се користи од адвокатите, а во финална фаза на подготовка е и просторија која ќе може да ја користат Јавните обвинители, по примерот на Медиа центарот наменет за претставниците на медиумите кои известуваат од судските расправи како и просторијата за Судии поротници.

Со тоа, Кривичниот суд се обидува да овозможи просторни услови за работа не само за вработените и за непречено одвивање на судските рочишта, туку и соодветни услови за работа на сите чинители кои се јавуваат како странки но и јавност во судските расправи во правец на поголема отвореност и транспарентност на судот.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

Прилог – известување од адвокатска комора https://www.mba.org.mk/index.php/mk/arhiva-na-informacii/item/1101-otvorena-kancelarija-za-advokatite-vo-osnovniot-krivichen-sud-skopje

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_