СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  22.9.2021
Основниот кривичен суд Скопје во изминатите 10 дена, со доследно почитување на сите Законски рокови, успеа да изработи 3500 Уверенија и Потврди од Кривична и Казнена евиденција, а по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на град Скопје, а неопходни за учество на престојните локални избори.

Согласно чл. 67 ст.3 во врска  со чл.7 ст.3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставија личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги изврши соодветните проверки, ги изработи Уверенијата и Потврдите и електронски ги достави решенијата до комисиите.

Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиднеција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време како и во текот на викендите, пред се затоа што голем дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11.09.2021 година за пријавување на кандидати.

Воедно судот, за овој период, доследно ги почитуваше и роковите за прием, проверка и изработка на Уверенија и Потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите, па во тој правец, а воедно и согласно протоколите за заштита од Ковид – 19,  како суд, уште еднаш апелираме за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на Уверенијата и Потврдите.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_