СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  14.1.2021
Ниту едно од кривичните дела кои им се ставаат на товар и за кои се води кривично - правниот предмет со КОК бр. 47/17, од обвинителството означен како „Таргет/тврдина“ до овој момент не е застарено.

Во однос на вчерашните непроверени и непотврдени натписи во неколку портали дека едно од трите кривични дела кои му се ставаат на товар на обвинетиот С.М. веќе застарело, Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека предметот сеуште е активен и се води за сите кривични дела опфатени во обвинителниот акт.

Судот како што и претходно повеќе пати преку брифинзи со новинарите, соопштенија и одговори на новинарски прашања има информирано, дека се работи за сложен и обемен предмет, за кој во текот на 2019 година се одложија неколку расправи заради утврдување на надлежен обвинител, а и поради тоа што дел од обвинитите беа опфатени и во други предмети. Исто така и во услови на пандемија судот, со крајни напори, ги обезбеди сите услови и овозможи динамика за насрочување на повеќе расправи за конкретниот прeдмет во една седмица се со цел доследно почитвање на начелото за судење во разумен рок и правата на странките во постапката.

Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_