СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи по Обвинителниот акт со КО бр. 108/24, во јавноста познат како „Адитив“ со детали на следниот линк:
https://jorm.gov.mk/podnesen-obvinitelen-akt-vo-predmetot-aditiv/
по ценење на наводите во обвинението и приговорите на обвинението донесе решени со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.
Согласно одобрениот обвинителен акт оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 73/25 кој преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а откако ќе биде насрочена главната расправа, терминот ќе биде достапен преку Календарот на судење на веб страната на судот.
Со Почит Основен кривичен суд Скопје.