Комеморација во чест на судијата Огнен Ставрев [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Комеморација во чест на судијата Огнен Ставрев

Новости  |  10.2.2023
Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска се одржа комеморација во чест на судијата Огнен Ставрев кој на 5 – ти февруари 2023 година ненадејно не напушти и замина во вечното почивалиште.

За неговата досегашна работа како судија, но пред се како колега и пријател, свое обраќање имаа Претседателот на судот неговите колеги судии и соработници од Кривичниот суд, адвокати, Јавни обвинители, претставници на Судскиот совет и други правосудни институции.

Судијата Ставрев не напушти на негова 63 годишна возраст, а зад себе остави судиска кариера од две ипол децении, како и членовите на неговото потесно семејство кои на денешната комеморација со гордост можеа да ги слушнат сите пофални зборови и сеќавања на нивниот татко, сопруг и син.

Огнен Ставрев ќе остане запаментен по бројните пресуди и одлуки кои ги носеше во текот на неговата кариера минувајќи низ сите оддели и одделенија во судот, авторитетот и почита со кои го гледаа странките во судницата, но пред се по ведриот и секогаш расположен дух, ловџиските приказни и неговиот стремеж да им помогне и да ги подучи помладите колеги за вистинските врендости на Кривичното право, чесноста, праведноста и гордоста да се носат со судиската функција.

Основниот кривичен суд Скопје во име на сите колеги кои соработуваа и го познаваа покојниот судија, на семејството Ставреви им изразува длабоко сочувство.

Слава му.   

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_