СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ




Учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје, со одобрение на Основниот кривичен суд Скопје, одржаа симулирано судење во една од судниците на судот, како дел од наставните планови и програми за Економско, правна и трговска струка за учебната 2024/2025 – та година.
Учениците, по сопствена иницијатива, изготвија сценарио за кривично правен настан според кој се води судењето, а од страна на судот им беше дозволено користење на судница со целокупната техничка опрема во истата како и судиски тоги за соодветно и автентично да изгледа симулацијата.
Симулираното судење, како и посетата на средношколците во Кривичниот суд, е во правец на заложбите на судот за поголема отвореност и транспарентност на судот како и соработка со средношколските и студентски организации од правните средни училишта и факултети на кои судот им стои на располагање за остварување на нивните образовни програми.
Со почит Основен кривичен суд Скопје