ДЕМАНТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ДЕМАНТ
Имено, порталот преку наведениот текст известува дека денска било закажано судење за предметот против З.Ј. кој го суди судијата Љубинка Башевска, а кое судење било одложено бидејќи не биле исполнети условите за да се одржи.
Но, согласно проверките на судот, денска воопшто не било насрочено такво судење, ниту пак посочената судија постапува по предмет во кој е обвинет З.Ј.. Имено конкретниот предмет, за кој и претходно се интересираа новинарите , е насрочен на 24 јуни и е кај сосема друг судија, а во текот на денов согласно и известувањата од судската полиција, ниту еден новинар не се пријавил дека ќе присуствува како јавност на одредено судење.
Заради тоа, како суд во целост ја демантираме информацијата и апелираме до претставниците на порталите, да ги проверуваат информациите пред да ги објават, односно да ги следат јавните расправи од кои известуваат како што впрочем и постапуваат поголем дел од новинарите.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.